Субвенции бараат 5.300 земјоделци во Струмичко

Bez autora
Jul 07 2010

Околу 5.300 земјоделски производители од Струмичкиот регион и годинава ќе користат субвенции што Владата ги издвојува за поттикнување на аграрот. Покрај барањата за финансиска поддршка на земјоделското и сточарското производство, до Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство се поднесени и околу 900 апликации за производство на млекo. Од година во година Владата го зголемува вкупниот фонд за субвенционирање на земјоделството и сточарството, а процедурите за поднесување документи се поедноставуваат и на апликантите им се олеснува можноста да добијат помош од државата за тоа што ќе го посеат на своите парцели или ќе го одгледуваат како сточен фонд. Според првичните сознанија, најголем дел од апликациите и годинава ќе бидат за субвенционирање на производството пченка, оранжериско, пластеничко и производство на ран и индустриски зеленчук на отворено, а дел од барањата се однесуваат на фуражни култури и одгледување ситен добиток.

Субвенции бараат 5.300 земјоделци во СтрумичкоОколу 5.300 земјоделски производители од Струмичкиот регион и годинава ќе користат субвенции што Владата ги издвојува за поттикнување на аграрот.

Покрај барањата за финансиска поддршка на земјоделското и сточарското производство, до Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство се поднесени и околу 900 апликации за производство на млеко.

- Од година во година Владата го зголемува вкупниот фонд за субвенционирање на земјоделството и сточарството, а процедурите за поднесување документи се поедноставуваат и на апликантите им се олеснува можноста да добијат помош од државата за тоа што ќе го посеат на своите парцели или ќе го одгледуваат како сточен фонд - вели Бори Галев, раководител на Подрачната единица во Струмица.

Според првичните сознанија, најголем дел од апликациите и годинава ќе бидат за субвенционирање на производството пченка, оранжериско, пластеничко и производство на ран и индустриски зеленчук на отворено, а дел од барањата се однесуваат на фуражни култури и одгледување ситен добиток.

Наспроти ова, драстично помал е интересот на струмичките земјоделци за користење на фондовите од програмата ИПАРД, пред се', поради фактот дека за пристапот до овие средства е потребно сопствено учество, а најголем дел од фармерите немаат пари за инвестирање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik